Димовски: Ако загубевме ќе беше катастрофа, среќни сме што славевме!

Од:

Искусниот репрезентативен пикер Ванчо Димовски признава дека на мечот против Чиле во првото коло од групата Б на Мундијалот во Шпанија „црвено-жолтите“ не одиграа на потребното ниво и треба да се среќни што воопшто славеа. Шанса за поправање на впечатокот ќе имаат веќе уште утре (18 ч.) против Катар, селекција која е далеку поквалитетна од денешниот противник.

– Ако загубевме ќе беше катастрофа, затоа мора да бидеме среќни што победивме. Селекторот верува дека можеме подобро, ние гарантираме дека можеме подобро. Денеска направивме премногу грешки, но ги победивме Чилеанците. Имаме доволно време да се соземеме и да ја вратиме самодовербата. На утрешниот меч со Катар мора да се прикажеме во подобро издание – изјави Димовски.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он