На Грен слемот Австралија Опен во машка конкуренција позната е и втората полуфинална двојка, откако денеска се одиграа преостанатите четвртфинални меча.
Во првиот дуел рано утрово Григор Димитров (Бугарија) го совлада Давид Гофин (Белгија) со максимални 3-0, по сетови 6:3; 6:2 и 6:4.
Со истиот резултат 3-0 во сетови Шпанецот Рафаел Надал (Шпанија) беше подобар од Милош Раониќ (Канада). Резултатот по сетови: 6:4; 7:6 и 6:4.
Претходно место меѓу четирите најдобри обезбедија Швајцарците Стан Вавринка и Рожер Федерер.
Првиот полуфинален дуел меѓу Вавринка и Федерер е закажан за утре со почеток во 9 часот.
Димитров и Надал ќе играат в петок од 9 часот и 30 минути.