Димитријевиќ ја излудуваше одбраната на Барселона

Од:

Македонскиот плејмејкер Ненад Димитријевиќ, постигна 11 поени во поразот на Хувентуд од Барселона од 80:95, но нашиот млад кошаркар го имаше потегот на натпреварот, можеби и на сезоната во шпанското првенство.

Димитријевиќ во првото полувреме тргна во контранапад и со лажно движење му ја сокри топката на Малколм Дилејни, посрамотувајќи го скапото засилување на евролигашот. Откако му ја направи финтата на Дилејни, Нено продолжи кон кошот и даде кош, а публиката во салата се држеше за глава, и сите беа воодушевени.

Сега Хувентуд е осми на табелата со по седум победи и порази, а тимот е во црна низа од три порази едноподруго.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он