Димитар Грабул подобар од вториот носител

Од:

Македонскиот тенисер Димитар Грабул во 1. коло на фјучрсот Еупен, Белгија успеа да го победи вториот носител Јаник Ројтер од Белгија.

Со овој триумф Грабул го комплетираше успешниот ден на македонските тенисери. Томислав Јотовски го елиминира првиот носител Иван Бјелица на турнирот во Нови Сад, а Лина Ѓорческа победи во двојки во Арад.

Грабул во изедначениот прв сет беше подобар во тај брекот со 7:3 и поведе со 1:0 во сетови, а потоа противникот изедначи на 1:1 добивајќи го сетот со 6:3. Во решавачкиот сет Грабул беше поуспешен со 6:3.

Во следното коло Грабул за противник го има Жулиен Дубе исто така од Белгија, од кого загуби на претходниот турнир во 1.коло.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ