Димевски: Докузовски ја остави репрезентацијата на цедило

Од:

Претседателот на Мaкедонската кошаркарска федерација Даниел Димевски денеска во отворено писмо му одговори на поранешниот селектор Марин Докузовски за прекинот на соработката по успехот на ЕП во Литванија.

– Докузовски ја остави на цедило репрезентацијата, играчите кои му ја донесоа најголемата слава, ги остави на цедило луѓето кои многу пати во животот му помогнале и отвориле врата, кои му ја дадоа и оваа шанса, ја остави на цедило кошаркарска Македонија, затоа што не веруваше дека таков успех може да се повтори, стои во писмото од првиот човек на федерацијата.

Димевски додава дека и покрај слабите резултати во подготвителниот период пред ЕП во Литванијана, Марин Докузовски токму од раководните луѓе на МКФ ја имал најголемата поддршка.

– Подготвителниот период пред ЕП во Литванија беше многу тежок, во кој претрпевме неколку тешки порази и веројатно тој притисок и немањето верба во сопствената екипа придонесе да тогашниот селектор се испокара со добар дел од екипата и раководните луѓе, а најмногу со спортскиот директор Врбица Стефанов, заради што тој тогаш понуди оставка на функцијата селектор. За голема среќа, јас, кој бев еден од ретките во нормална комуникација со него, успеав да го разубедам и сопствената верба во успех на нашата репрезентација да ја пренесам и на него, вели претседателот на МКФ.

Димевски појаснува дека Докузовски можел да биде и тренер во Лукоил и селектор, доколку тоа го сакал, но негативниот одгоровор од поранешниот селектор го слушнал од бугарски медиум по ангажманот на Докузовски во Лукоил.

– Неговото доцно конечно изјаснување дека не сака повеќе да биде селектор, не стави во цајтнот позиција, во време кога требаше да се договараат подготовки, пријателски натпревари и целата програма на репрезентација за летото 2012 и квалификациите за ОИ во Лондон.

Димевски се осврна и на неприсуството на Докузовски на церемонијата при прославата на 20-годишнината од репрезентацијата,

– Не е вистина дека Марин Докузовски не беше поканет на церемонијата летово на која им дадовме чест и почит на поранешните играчи, кошаркари, репрезентативци, како и на луѓето кои во минатото беа селектори и повеќе не се занимаваат со тренерска работа. Марин Докузовски беше поканет, како и на секоја манифестација која МКФ ја организира. Докузовски, како и Заре Марковски, не добија признание, затоа што тие не ја завршиле својата тренерска кариера и никој нема право да ги отпише од иднината на кошаркарската репрезентација на Македонија, е ставот на првиот човек на македонската кошарка.

Поранешниот селектор Марин Докузовски минатата недела изјави дека се додека е актуелното раководство на чело на МКФ, тој нема да се врати во репрезентацијата.

Според него по ЕП во Литванија три и пол месеци никој од федерацијата не го контактирал за евентуално продолжување на договорот.

За тоа какви се неговите односите со федерацијата Докузовски рече дека најдобро се гледа по тоа што не бил поканет на прославата за 20-годишнината.

Под водство на Марин Докузовски македонската кошаркарска репрезентација го постигна најголемиот успех на ЕП во Литванија освојувајќи го четвртото место. За постигнатиот резултат со репрезентацијата, како и на клупските натпреварувања Докузовски е годинашен добитник на Државната награда за спорт 8 Септември.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ