Диме Тасовски се враќа во репрезентативниот дрес на Македонија

Од:

Ветеранот Диме Тасовски по осум години пауза повторно е во дресот на кошаркарската репрезентација на Македонија.

На денешниот утрински тренинг неочекувано за пошироката јавност се појави ветеранот Диме Тасовски, кој иако го одби првиот повик на селекторот сепак сега му се стави на располагање на Давидков.

Крилото на Работнички фигурираше меѓу кандидатите за жолто-црвениот дрес уште пред почетокот на подготовките, но тогаш тој се заблагодари на поканата потенцирајќи дека веќе осум години е во репрезентативна пензија. Сепак селекторот Давитков успеја да го разубеди Тасовски, кој на крајот реши да се реактивира и да и помогне на Македонија да го мине претквалификацискиот циклус за Мундијалот во Кина следната година, како и за квалификациите за ЕП 2021.

Последен свој настап во црвено-жолтиот дрес на Македонија, Тасовски го имаше на Европското првенство во Полска во 2009 година.

Претходно, од ветераните во репрезентацијата се врати и Ѓорѓи Чековски, а сеуште се очекува и одговорот на Перо Антиќ.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ