Дијаз го потврди трансферот во Сити

Од:

Централниот дефанзивец на Бенфика, Рубен Дијаз, практично потврди дека наскоро ќе стане дел од составот на Манчестер Сити.

Дијаз вчера настапи во победата на португалскиот гигант над Мореиренсе од 2:0, ритуално прегрнувајќи ги сите свои соиграчи по натпреварот, како и спортскиот директор Руи Коста, што е знак дека ова е најверојатно неговиот последен натпревар за клубот.

По состанокот, Дијаз не сакаше да ја потврди информацијата, но неговите навестувања кажуваа доволно.

„Тоа беше посебен момент за мене и мислам дека на сите им е јасно зошто. Тоа беше посебен момент да се забележи гол на натпреварот. Мислам дека секој знае зошто го гушнав Руи Коста на крајот од мечот“, беше коментарот на силниот дефанзивец за ситуацијата.

После натпреварот, тренерот Хорхе Жесус потврди дека ова е веројатно последниот натпревар на Дијаз како дел од Бенфика.

Дефанзивецот ќе се пресели на „Етихад“ стадионот за околу 50 милиони фунти.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити ја доби Премиер лигата на суд: Ова ќе ги чини десетици и десетици милиони

Предраг Петровиќ

Гвардиола претпазлив пред дуелот со Реал во ЛШ: Не играме добро сезонава

А1он

Манчестер Сити може да загуби 40 бодови

А1он

„Уште се мачиме, но ова е олеснување“ – Гвардиола по победата на Сити над Вест Хем

А1он

Гвардиола воведе карантин и на Божиќ

А1он

(ВИДЕО) Четата на Гвардиола повторно поразена во Премиерлигата

А1он