Возачот на „Форс Индија“ Пол ди Реста е казнет поради тоа што неговиот болид во квалификациите на патеката „Силверстоун“ беше полесен од дозволеното за само половина килограм.
Имено, според правилата на ФИА болидот мора да биде тежок најмалку 642 килограми, а на Ди Реста беше 641,5 кг. Што претставува прекршување на правилата.
Полесните болиди им даваат предност на тимовите за остварување подобри времиња од конкурентите.
Шкотскиот пилот наместо од петтата позиција, по оваа казна, денешната трка за Големата награда на Велика Британија на патеката „Силверстоун“ пред многубројните свои навивачи ќе ја започне од последното место.
Почетокот на трката во Формула 1 е од 14 часот.