Деветто финале за Ѓоковиќ на Австралија опен

Од:

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по деветти пат се пласира во финалето на Грен слемот Австралија опен. Тој претпладнево го совлада Русинот Аслан Каратсев со 6:3, 6:4 и 6:2.

Воедно Србинот има максимален ефект во досегашните девет полуфиналиња во Мелбурн, а во деветте мечеви за трофејот секогаш победувал.

Ривал на Ѓоковиќ во мечот за трофејот ќе биде победникот од дуелот Данил Медведев (Русија) – Стефанос Циципас (Грција). Второто полуфинале на Австралија опен е закажано за утре со почеток во 9:30 часот.

Наградниот фонд на првиот Грен слем во годината, изнесува 55,2 милиони долари.

Би можело да ве интересира

Јаник Синер ја одбрани титулата во Мелбурн

А1он

Мелбурн има нова кралица, Медисон Кис сензационално го освои Австралија Опен

А1он

Усташки симбол преку лицето на Новак Ѓоковиќ

А1он

Сензационална Американка во финалето на Австралија опен

А1он

По Ѓоковиќ се бунтува и Шелтон: „Малку сум шокиран“

Закажан терминот за полуфиналето Ѓоковиќ-Зверев

Предраг Петровиќ