Десетто последователно полуфинале за Ѓоковиќ на УС Опен

Од:

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ десетти пат по ред ќе игра во полуфиналето на Грен слемот УС Опен.

Во четвртфиналето, ноќеска во Њујорк, противникот на Ѓоковиќ, Жи-Вилфред Цонга од Франција, поради повреда на левата нога го предаде мечот при резултат 2-0 (6:3 и 6:2) за српскиот тенисер.

Ова е трет натпревар по ред Ѓоковиќ да го добива по откажување на противникот.

Негов противник во полуфиналето ќе биде уште еден Французин, гаел Монфилс.

Во другото полуфинале ќе играат победниците од мечевите:

Кеи Нишикори (Јапонија) – Енди Мареј (Велика Британија) и
Хуан дел Потро (Аргентина) – Стан Вавринка (Швајцарија).

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен