Денот кога почина Дражен, се роди митот

Од:

Пред точно 19 години на овој ден во трагична со сообраќајна несреќа почина големиот хрватски кошаркар Дражен Петровиќ.

Шпанскиот спортски весник „Марка“ за кошаркарскиот „Моцарт“ напиша дека тој е „еден од најголемите таленти во европската кошаркарска историја” нарекувајќи го уште и „машина за кошеви”.

Додека беше жив за него како да не постоше збор пораз во речникот, се вели во текстот на весникот.

Дражен Петровиќ, го загуби животот на свои 28 години во сообраќајна несреќа во Јужна Германија.

Со неговите мирни раце стана неверојатен шутер, кој постојано постигнуваше по 40 и повеќе поени во европските натпревари.

Ја предводеше Цибона до две европски титули во низа во 1985 и 1986 година, а потоа стана и првиот европски играч во американската професионална кошаркарска лига.

„NBA Entertainment“ и „ESPN Films“ снимија документарец за легендарните кошаркари од поранешна Југославија, некогаш големите пријатели, Србинот Владе Дивац и Хрватот Дражен Петровиќ, чиј однос се залади за време на војната.

„Пријателството се гради со години, а се уништува за една секунда“, вели Дивац, кој со Дражен заедно ја водеа тогашна Југославија до титулата Светски шампиони 1990 година.
„На врвот на својата кариера, во моментот кога стана најголемиот идол на целата кошаркарска јавност, неговиот живот згасна. На 7 јуни 1993 почина човекот, но се роди митот. Беше најдобриот европски кошаркар во историјата, а легендата за него ќе живее вечно“, заклучи весникот „Марка“.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ