Енди Мареј нема да биде на второто место на АТП листата, по турнирот во Индијан Велс, ниту пак ќе биде противник на Новак Ѓоковиќ во полуфинале, бидејќи во четврфиналето по пресврт го елиминира Хуан Мартин дел Потро.
Арегентинецот дуелот со Новак го закажа по победа од 6:7 (5), 6:3, 6:1.
Ѓоковиќ не знае за пораз во последните 22 одиграни натпревари, својот низ го продолжи и со победата на Жо Вилфред Цонга. Сега му претстоти дуелот со Дел Потро, против кого води со 8:2, но од него изгуби во мечот за бронза на Олимписките игри во Лондон.
Мареј доколку поминеше во финалето, ќе дојдеше до второто место на АТП листата.
Првиот полуфинале пар се Томаш Бердих и Рафаел Надал кои вечерва, во 20 часот ќе излезат на терен. Кога тие ќе го завршат дуелот, Ѓоковиќ и Дел Потро ќе ги измерат силите за борбата во финале.
Елена Георгиевска