Синоќа заврши сонот наречен финале на УС Опен на најдобриот аргентински тенисер, Хуан Мартин Дел Потро. Во еден спектакуларен четвртфинален дуел, освојувачот на сребрениот медал во Рио со 3-1 во сетови беше поразен од швајцарскиот тенисер, Стан Вавринка, иако во текот на целиот меч ја имаше огромната поддршка од присутните гледачи на „Артур Еш“.
Дури во еден момент, поточно кога Вавринка сервираше за меч, цел стадион стана на нозе за да му даде поддршка на аргентинскиот тенисер да успее да остане во мечот, а на овој гест на фановите Дел Потро емотивно не издржа и заплака.