Дејвис Куп: Дублот ќе го решава дуелот Македонија – Грција

Од:

Мечот во двојки меѓу Македонија и Грција ќе го реши победникот во овој дуел од полуфиналето од Третата Европска зона од Дејвис купот што се игра во Сан Марино.

По двата меча во поединечна конкуренција резултатот е 1:1. Поведе Македонија откако Предраг Русевски го совлада Маркос Каловелонис со 2:1 во сетови (6:4; 4:6 и 6:3). Овој меч поради дожд беше во прекин во вториот сет.

Во вториот меч Шендрит Деари загуби од Александрос Јакуповиќ со 2:0 во сетови (7:5 и 6:2).
Во игра во двојки за Македонија ќе настапат Русевски и Стефан Мицов, а за противникот Каловелонис и Јакуповиќ.

Победникот од дуелот од полуфиналето ќе избори пласман во Втората Евроафриканска зона за следната година.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех