Дејвис го напушта Њу Орлеанс, бара тим кој се бори за титулата

Од:

Времето на Ентони Дејвис како кошаркар на Њу Орлеанс официјално е при крај. Неговиот агент, Рич Пол го известил раководството на клубот дека Дејвис нема намера да го продолжи договорот со Пеликанс и официјално сака да јапродолжи кариерата на друго место, соопштува „ЕСПН“. Според Пол, желбата на тешкото крило е да се најде во тим кој му дава шанса да победува и да се бори за титулата.

Оваа сезона, 25-годишниот играч одигра 41 натпревар за тимот од Луизијана, а во нив ја забележува својата најсилна статистика како професионалец – 29.3 поени, 13.3 скока, 4.4 асистенции, 2.6 блока и 1.7 украдени топки. Дејвис беше избран од Њу Орлеанс под бр.1 на драфтот во 2012 година и во НБА играше единствено за составот на „пеликаните“.

Потегот на Дејвис значи дека е подготвен да се откаже од можноста да добие супер-максимум договор од неговиот сегашен тим – или, со други зборови, 240 милиони долари во текот на пет сезони. Крилото сега се опоравува од фрактура на левата рака.

Рич Пол додава дека Дејвис одлучил да го извести тимот за неговите намери сега, бидејќи „тоа е во интерес на неговата и иднината на клубот“.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on