Селекциите на Шпанија и на Словенија изборија пласман во четвртфиналето на Светското првенство во ракомет што се одржува во Шпанија откако вечерва во осминафиналните дуели ги совладаа своите ривали.
Домаќинот Шпанија во Сарагоса ја совлада Србија со 31:20, додека во Барселона Словенија беше поуспешна од Египет со 31:26.
Во последните два осминафинални натпревари кои почнуваат вечерва во 21:30 часот играат: Хрватска – Белорусија (Сарагоса) и Полска – Унгарија (Барселона).
На вчера одиграните осминафинални натпревари беа постигнати резултатите: Македонија – Германија 23:28, Исланд – Франција 28:30, Данска – Тунис 30:23 и Русија – Бразил 27:26.
Во четвртфиналето, двојките се: Германија – Шпанија, Русија – Словенија, Франција – Хрватска или Белорусија и Данска – Унгарија или Полска.