Македонската кошаркарска репрезентација по поразот од Косово во првото коло од претквалификациите утре го игра вториот натпревар од групата. Противник ни е селекцијата на Естонија.
– Мораме да ја победиме Естонија. Тоа е селекција која во ростерот има 12 квалитетни играчи. Естонците 40 минути играат агресивно со многу ротации. Очекувам да имаме полна сала и играчите да дадат максимум за да ја постигнеме првата победа во групата. По вечерашниот тренинг ќе биде познато кои 12 играчи ќе настапат утре. Бобан Стајиќ тренираше синоќа и по тренингот ќе знаеме дали ќе биде подготвен за настап. За да стигнеме до победа не треба да играме добро само во одбрана, ќе мора утре и да погодуваме и во нападот, изјави Давитков пред почетокот на денешниот утрински тренинг.
Дуелот Македонија – Естонија се игра утре во ВИП арената во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 20:30 часот.