Давидков задоволен од одбраната, но не и нападот

Од:

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Јорданчо Давитков не го криеше задоволството од победата над Португалија во првиот меч од турнирот „Трофеј Македонија“ кој се игра во Скопје.

Давитков е задоволен од ангажираноста во одбраната, која го задржа противникот на само 47 постигнати поени, но смета дека може да се одигра и далеку подобро во нападот, особено кога на располагање ќе го има Џордан Теодор кој поради повреда ќе го прескокне овој турнир.

– Доста добро и квалитетно игравме во одбрана, но колку што игравме добро во одбраната, толку бевме лоши во нападот. Само во првото полувреме имавме 12 грешки во нападот, премногу за еден сериозен натпревар. Имавме и многу слаб процент на шут, но се надеваме дека кога ќе тргне шутот. Задоволен сум од ангажираноста на играчите, сите што влегоа беа максимално вредни, особено во одбраната. За нападот не можам да им замерам, иако знам дека може и подобро. Имаа чисти позиции, но не реализираа, тоа е тоа, изјави по натпреварот селекторот Давитков.

Вечер во втората рунда од турнирот Македонија ќе игра против Холандија во терминот од 20 часот и 30 минути.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ