Даскаловски поднесе оставка, повеќе не е тренер на Карпош Соколи

Од:

По синоќешниот пораз на домашен терен од Фени индустри, Борче Даскаловски реши да поднесе оставка и да си замине од тренерската позиција во Карпош Соколи.

– Оставката ја поднесов од етички причини откако клубот се најде во една тешка и независна ситуација. Јас сум професионалец и проценив дека во моментов не можам повеќе да му помогнам на тимот. Му посакувам се најдобро на Карпош Соколи, со желба брзо да се консолидира и да се врати онаму каде што му е местото во македонската кошарка. Воедно, му изразувам огромна благодарност на претседателот Огнен Дедиќ за шансата која ми ја укажа, изјави Даскаловски за клупската веб страница.

Екипата на утрешниот меч од ФИБА Еврокупот против Фалкон ќе ја води досегашниот помошник, Ангел Тасевски.

Би можело да ве интересира

Сопругата на латвискиот кошаркар е осомничена дека го нарачала неговото убиство

Предраг Петровиќ

Раул Нето го раскина договорот со Барселона

(ВИДЕО) Лесор, кошаркарот на Панатинаикос, заработи тешка повреда

Горан Наумовски

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

(ВИДЕО) Има 18 години, а висок е 236 сантиметри – џин беше уште во градинка

А1он

Евролигата го казни Партизан со 50.000 евра за инцидентите на мечот со Олимпијакос