Дашмир Елези меѓу новите фудбалски ѕвезди во избор на „Гардијан“

Од:

Угледниот британски весник „Гардијан“ го вброи членот на македонската репрезентација до 19 години Дашмир Елези меѓу новите светски фудбалски ѕвезди.

Елези, кој идниот месец ќе наполни 17 години, се најде во потесниот избор на „Гардијан“ во друштво на други 59 најталентирани фудбалери во Европа родени во 2004 година.

Опишувајќи го како привлечен за гледање поради својата завидна техника, брзина и интелигенција на теренот, „Гардијан“ наведува дека Елези веќе на своето прволигашко деби минатата сезона во дресот на Шкендија се запиша во листата на стрелци и ги покажа своите голгетерски способности.

– Оттогаш одигра 30 натпревари за својот клуб и постигна седум голови, иако пред него има уште простор за напредок, пишува „Гардијан“.

Би можело да ве интересира

Канатларовски: Заслуживме бод, момците одиграа многу храбро и со голема пожртвуваност

Ана Ололовска

ВИДЕО: Фудбалерите со „Земјо Македонска“ го прославија пласманот во баражот за СП 2022

Ана Ололовска

Милевски: Фудбалерите ја оправдаа довербата, имаме потенцијал уште да напредуваме

Ана Ололовска

Пендаровски им честиташе на фудбалерите за победата против Исланд

Ана Ололовска

ВИДЕО: Историска победа на фудбалската репрезентација на Македонија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Македонија со гол предност по првото полувреме

Ана Ололовска