Стив Дарсис по сензационалниот триумф над Рафаел Надал поради повреда го откажа натамошниот настап во Вимблдон.
Дарсис се жали на проблеми со раката и беше принуден да го предаде мечот против Полјакот, Лукаш Кубот.
Предвреме настапот во Вимблдон го откажа и Џон Изнер. Американскиот тенисер одигра само два гема во дуелот со Адријан Манарино од Франција и потоа го предаде мечот.
И Штепанек му го предаде мечот на Полјакот Јановиц во вториот сет при резултат 5:3 за Јановиц и 1:0 од првиот сет.
Поради проблемот со коленото од Вимблдон се повлече и Викторија Азаренка.
Таа денеска требаше да ја отвори програмата на централниот терен во дуелот против Флавија Пенета од Италија.