Албанскиот репрезентативец Мирљинд Даку се извини за навредите кон Македонците по ремито Хрватска – Албанија од Европското првенство.
„Е.eте ги Македонци“, извикуваше на мегафон 26-годишниот играч за врска на руски Рубин додека го „водеше“ навивањето на навивачите.
Даку се најде на удар на јавноста, побарана е реакција и казна од УЕФА, па веројатно затоа јавно се огласи и се извини.
„Најпрво сакам да им се заблагодарам на оние кои не поддржаа и во добри и во лоши моменти. Само оние кои се на терен знаат какви емоции ве носат и какво е чувството кога играте за репрезентацијата со нашето мото „Албанија без границите“, напиша Даку на Инстаграм.
Без разлика на неговото извинување, се очекува УЕФА да реагира на срамното однесување на фудбалерот на натпреварот од ЕП.