Да се биде независен олимписки спортист

Од:

Едно од задоволствата од гледањето на церемонијата на отворање на Олимписките игри 2012 во Лондон, беше спонтаната танцувачка глетка и радоста на славењето на независните олимписки спортисти. Сликите и снимките од нивното влегување во арената станаа вирални и многумина се зачудија кој и што се овие независни олимписки сопртисти.

Спортистите кои се натпреваруваат на Олимписките игри (и на летните и на зимските) мораат да бидат поврзани со нивните национални олимписки комитети (НОК). Сепак во скорешната историја повеќе пати се случило некои држави да се распаднат или да се појават нови држави заради политички транзиции, или меѓународните санкции да ги оставаат спортистите без формална држава или НОК.

Наместо овие спортисти да ја пропуштат можноста да учествуваат на Олимписките игри, Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) воспостави категорија на „независни олимписки спортисти“. Независните олимписки спортисти се натпреваруваат под олимпиското знаме. Ако тие освојат златен медал во нивата категорија, ќе биде свирена олимписката химна.

Првпат независните олимписки спортисти се појавија на Олимписките игри во Барселона во 1992, кога спортисти од Федерална република Југославија и од Република Македонија се натпреваруваа како незавсни олимписки учесници. Македонските спортисти не можеа да се појават под нивното знаме затоа што нивниот НОК не беше формиран. Федерална република Југославија (Србија и Црна Гора) беа под санкции на Обединетите нации, со што се спречува земјата да учествува на олимпијадата.

Тогаш педесет и осум спортисти се натпреваруваа како независни олимписки спортисти, и освоија три медали. Покрај ова, 16 спортисти се натпреваруваа како независни на параолимписките игри на Параолимпијадата во 1992, и освоија вкупно осум медали. На Олимпијадата во Сиднеј во 2000-та, четири спортисти од нашиот близок сосед Тимор Лесте (Источен Тимор) учествуваа како независни олиписки спортисти, затоа што нивната држава стануваше независна, а уште двајца од таму учествуваа на параолимпијадата истата година.

Годинава на Олимписките игри во Лондон, се натпреваруваат четворица спортисти. Тие се од поранешните Холандски Антили (тројца) и еден од неодамна формираната држава Јужен Судан.

Холандските Антили се распаднаа во 2010; сепак на спортистите кои се квалификуваа од поранешпните Холандски Антили им беше дозволено учество како независни олиписки спортисти, или можеа да одлучат да се натпреваруваат за Аруба или за Холандија, затоа што имаа холандско државјанство. Тројцата спортисти од поранешните Холандски Антили се: Филипин ван Анхолт (едрење), Реџиналд де Винд (џудо) и Лиемарвин Боневакиа (атлетика).

Гуор Мариал, од Јужен Судан, исто така ќе се натпреварува во маратон како независен олимписки спортист, затоа што Јужен Судан се здоби со независност од Судан минатата година. Мариал можеше да трча и за Судан, но не сака да ја претставува земјата од која избегал. Тој наводно изгубил 28 членови од семејството од насилствата или од болести за време на граѓанската војна по која југот се отцепи од Судан.

Додека светот околу нас продолжува да се менува, границите да се менуваат и да се појавуваат нови држави, радосно е да се знае дека сите спортисти, вклучувајќи ги и оние без своја држава, ја имаат можноста да учествуваат на олимписките игри.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Полска сака да биде домаќин на Олимписките игри во 2040 или 2044 година

Ватерполистите на Србија ја победија Америка и се пласираа во финалето

Ѓоковиќ го освои олимпиското злато и ја комплетираше колекцијата на најголемите тениски трофеи

Предраг Петровиќ

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Олимпиското злато и беше одземено на Русинка и доделено на Американка

А1он