Светскиот рекет број 1, Србинот Новак Ѓоковиќ, се пласира во финалето на завршниот мастер турнир во Лондон.
Тој во полуфиналето го совлада Аргентинецот Хуан Мартин Дел Потро со 4:6, 6:3, 6:2.
Аргентинецот последен пат го победи Ѓоковиќ во мечот за бронзениот медал на Олимписките игри во Лондон.
Србинот во финалето ќе ги одмери силите со подобриот од дуелот меѓу Швајцарецот Рожер Федерер и Британецот Енди Мареј.