ЦСКА Москва втор учесник на „Фајнл фор“

Од:

Екипата на ЦСКА Москва е вториот полуфиналист во кошркарската Евролига. Рускиот претставник синоќа во Виторија го победи шпанскиот тим Каха Лаборал со 94:85. За ЦСКА ова беше трета победа и само со еден изгубен дуел во четвртфиналната пресметка што обезбеди учество на завршниот „Фајнл фор“ турнир.

Претходно за место во завршницата се избори Реал Мадрид кој со 3:0 во победи го елиминира Макаби.

Другите два учесника во полуфиналето ќе бидат познати по одигрувањето на „мајсторките“.

Анадолу Ефес вчеравечер во Истанбул во драматичен финиш со 74:73 го победи Олимпијакос и изедначи на 2:2. Европскиот првак на домашен терен во Атина на 26 април ќе има шанса да се реваншира и со евентуална победа да игра на завршниот турнир.

Петти натпревар во четвртфиналето ќе играат и Барселона и Панатинаикос. Домаќин на мајсторката закажана за 25 април ќе биде Барселона.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он