Црвеното „Ферари“ на Трамп продадено на аукција за 270.000 долари

Од:

Некогашното црвено „Ферари Ф430“ на Доналд Трамп вчера беше продадено на аукција во Флорида за 270. 000 долари, јави аукциската куќа „Окшенс Америка“ (Auctions America), цитирана од француските медиуми.

-Ваквите модели, што не биле поседувани од познати личности, вообичаено се продаваат за 125.000 – 175.000 долари, во зависност од километражата, неговата состојба и дополнителни опции, изјави портпаролката на аукциската куќа, Ејми Кристи.

Таа одби да го открие идентитетот на купувачот.

Аукциската куќа во петокот соопшти дека очекува меѓу 250 и 350.000 долари за автомобилот.

Црвениот болид беше ѕвезда на наддавањето, организирано од „Окшенс Америка“ во местото Форт Лодердејл, на еден час возење од Мар-а-Лаго, луксузната резиденција на американскиот претседателк во државата Флорида.

Трамп „Ферарито’ го купил во 2007 година за да го користи како личен автомобил и го поседувал четири години. Тој со него минал приближно 4.000 километри во времето кога интензивно се занимавал со продажба на недвижен имот.

Името на сопственикот на автомобилот по 2011 година не се соопшти.

Би можело да ве интересира

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Трамп ги коментираше сведоците за време на судењето, па беше казнет со 9.000 долари

Трамп: Нетанјаху сигурно знаел дека ќе има напад на 7 октомври

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп