Црвена Звезда избори финале во АБА и учество во Евролигата

Од:

Екипата на Црвена Звезда е првиот финалист на „Фајнл фор“ турнирот од АБА лигата што се одржува во Лакташи, Босна и Херцеговина.

Во првото полуфинале, Црвена Звезда попладнево го победи Раднички од Крагуевац со 79:78 во дуел со многу резултатски пресврти и драматичен финиш. По четвртини: 20:27; 21:13; 21:20 и 17:18.

Раднички во последните три минути влезе со предност од седум поени, во последната минута при 78:78, Терико Вајт не погоди ниту едно од двете слободни фрлања, а тоа го казни Вук Радивојевиќ со едно погодено слободно фрлање ама вредно финале и пласман во Евролигата за белграѓани.

Рашко Катиќ со 22 поени беше најефикасен во победничкиот состав, а кај Раднички Александар Чапин постигна 25 поени.

Македонскиот репрезентативец Предраг Самарџиски не доби шанса да настапи за победничкиот тим.
Вечерва од 21 часот во второто полуфинале ќе играат Игокеа и Партизан.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он