Црвена Звезда нема да може да носи гостински навивачи на два натпревари во Лигата на Шампионите

Од:

Дисциплинската комисија на УЕФА ја казни Црвена Звезда со забрана за носење навивачки групи на следните две гостувања во Лигата на шампионите заради влегувањето на навивачи на теренот во Салцбург.

Санкциите се однесуваат на натпреварите против ПСЖ во Париз на трети октомври и против Ливерпул три седмици подоцна.

Воедно заради однесувањето на навивачите на белградскиот клуб на Ред бул арената, каде кршеа инвентар, фрлаа тврди предмети на терен и употребуваа пиротехника, Црвена звезда ќе мора да плати и парична казна од 30.000 евра.

Би можело да ве интересира

Фудбалерите на Црвена звезда го декласираа Нови Пазар во српската Суперлига

Горан Наумовски

Легендата на Црвена Звезда – Милош Шестиќ доби ново срце

А1он

(ВИДЕО) Навивачи на Црвена звезда нападнаа симпатизери на Штутгарт

Горан Наумовски

Звезда без навивачи против Интер и Милан, италијанската полиција ќе ги запре Делиите

Предраг Петровиќ

Пораз на фудбалерите на Звезда против Бенфика на стартот од Лигата на шампионите

Директорот и тренерот на Црвена звезда се повредени во ложата