Црвена Ѕвезда убедлива во дуелот со Макаби

Од:

Екипата на Црвена Ѕвезда ја постигна петтата победа во Евролигата, откако синоќа во дуелот од 12. коло убедливо го совлада Макаби со 83:58.

„Црвено-белите“ ги добија сите четири четвртини, а пет играчи кај домашниот тим дуелот го завршија со двоцифрен број поени.

Резултати на досега одиграните дуели од оваа рунда: Уникс Казан – Басконија 91:92, Дарушафака – Реал Мадрид 81:68, Жалгирис – Олимпијакос 75:88, Црвена Звезда – Макаби 83:58 и Бамберг – Анадолу Ефес 91:83.

Вечерва се играат три натпревари: Галатасарај – Армани Милано, ЦСКА Москва – Барселона и Панатинаикос – Фенербахче.

Табела: ЦСКА Москва 10-1 (победи-порази), Фенербахче 8-3, Басконија 8-4, Олимпијакос 8-4,Реал Мадрид 8-4, Панатинаикос 6-5, Дарушафака 6-6, Анадолу Ефес 6-6, Барселона 5-6, Црвена Ѕвезда 5-7, Макаби 5-7, Армани Милано 4-7, Бамберг 4-8, Жалгирис 4-8, Галатасарај 3-8, Уникс Казан 3-9.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос