Црвена Ѕвезда пресилна за МЗТ Скопје

Од:

МЗТ Скопје го нанижа четвртиот пораз по ред во регионалната Јадранска лига. Белградска Црвена Ѕвезда славеше со 75:60 во салата Борис Трајковски.

На оваа средба своето деби на клупата на МЗТ го имаше новиот стратег Алеш Пипан, кој во четвртокот навечер потпиша договор со македонскиот првак.

Во редовите на нашиот шампион Тодор Гечевски со 12 поени и 8 скока и Ѓорѓи Чековски со 12 поени и 6 скока, двоифрен учинок имаше и Кејд Дејвис 10 поени и 4 скока.

Победничката екипа ја предводеа Игор Ракочевиќ со 16 поени и два скока, асистенции и украдени топки и Растко Катиќ со 16 поени и 10 скока.

По шест одиграни кола во АБА лигата, МЗТ и Црвена ѕвезда имаат идентичен учинок од две победи и четири порази.

Во седмото коло, на 5. ноември МЗТ ќе гостува кај Унион Олимпија во Љубљана.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он