Ракометарките на Црна Гора успеаа да се изборат за финалето откако синоќа ја совладаа Шпанија со 27:26 и утре во финалето ќе играат против репрезентацијата на Норвешка, која е актуелен олимписки шампион.
Во изедначен натпревар во првиот дел двете репрезентации се менуваа во водство. Таквата игра продолжи и во вториот дел, а Црна Гора направи предност од пет разлика во 52.минута – 24:19, што на крајот се покажа како решавачка. Најефикасна на натпреварот беше Катарина Булатовиќ со 9 голови.
Во второто полуфинале Норвешка ја победи Јужна Кореја со 31:25 и со тоа ќе имаат можност да ја бранат олимписката титула. Поразените репрезентации Шпанија и Јужна Кореја ќе играат во натпревар за бронзениот медал.