Избраниците на селекторот Мизра Куртовиќ вечерва во дуел со Црна Гора ќе се обидат да изборат пласман во финалето на Европското првенство – Б дивизија.
Македонските кошаркари до 18 години во струмичката сала „Парк“ со помош на навивачите ќе се обидат да постигнат победа во полуфиналето што ќе значи и пласман во А дивизијата.
Почетокот на натпреварот е во 18 часот и 45 минути.
Во првото полуфинале ќе играат Полска и Белгија (почеток 16:30 часот).
Победниците од полуфиналните дуели ќе обезбедат пласман во А дивизијата, додека поразените ќе имаат уште една шанса да го направи тоа преку натпреварот за 3.место.
Трите првопласирани селекции од шампионатот обезбедуваат пласман во А дивизијата.