Цонга нема да игра на УС Опен

Од:

францускиот тенисер Жо-Вилфред Цонга нема да настапи на последниот Гренд-слем во сезоната, УС Опен поради повреда на коленото.

Осмиот на АТП листата не играл уште од јуни кога во второто коло на Вимблдон му предаде на Ернест Гулбис. Во своето официјално соопштение, тој објави дека нема никакви шанси да заздрави до 26 август кога почнува УС Опен и најави дека ќе чека комплетно да ја санира повредата.

“Лекарите ми рекоа дека се потребни два месеци за делумно да ја санирам повредата, а за целосно опоравување требаат најмалку пет месеци. Затоа, би било глупаво да одам на турнир знаејќи однапред дека немам шанси за победа бидејќи не сум доволно подготвен. Од друга страна, ќе ризикувам да ја обновам повредата. Затоа, ќе почекам уште извесен период и потоа ќе се вратам на терените уште посилен”, соопшти Цонга.

Би можело да ве интересира

Како и за Вимблдон, и за УС Опен Ѓоковиќ не е во преден план на промотивниот постер

Предраг Петровиќ

Македонските тенисерки обезбедија финале по триумфот над Косово

Победа за двојката Магдинчев – Русевски на фјучрсот во Скопје

Емир Латифовиќ

Серена Вилијамс го освои 70. трофеј во својата кариера

Емир Латифовиќ

Пенета прва Италијанка во финалето на US Open во историјата

Емир Латифовиќ

Мареј го елиминира Киргиос

Емир Латифовиќ