Французинот Жо-Вилфрид Цонга се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос откако изненадувачки лесно со 7-5, 6-3, 6-3 го збриша вториот носител Рожер Федерер во четвртфиналната пресметка на престижниот гренслем турнир во Париз.
Цонга, кој е 6. носител, за пласман во големото финале ќе соочи со 4. фаворит, Шпанецот Давид Ферер, кој исто така во три сета (6-2, 6-1, 6-1) беше супериорен против сонародникот Томи Робредо.
Утре со почеток од 14 часот на терените Филип Шатрие и Сузан Леглен стартуваат преостанатите две четвртфинални пресметки во женска конкуренција, во кои се среќаваат Јелена Јанковиќ и Марија Шарапова, односно Марија Кириленко и Викторија Азаренка, а потоа на програмата се последните две четвртфинални средби во машка конкуренција меѓу Рафаел Надал и Станислас Вавринка, и Новак Ѓоковиќ и Томи Хас.