Цонга го предаде мечот од 3. коло на Ролан Гарос

Од:

Шестиот носител на Ролан Гарос, Жо-Вилфред Цонга при водство од 5:2 во гемови во првиот сет го предаде мечот од 3.коло поради болки во грбот. Така неговиот ривал Ернестс Гулбис се пласира во осминафиналето. Откажувањето на Французинот Цонга гледачите на централниот терен го проследија со неверување.

Пласман во следната рунда избори и Доминик Тием, кој го победи со 3-1 во сетови Александар Зверев, додека Давид Ферер беше подобар со 3-0 од Фелисијано Лопез.

На мечевите во женска конкуренција победи во 3. коло денеска постигнаа Серена Вилијамс, Венус Вилијамс, Елина Свитолина, Карла Суарез Наваро, Јулија Путинцева и Тимеа Башчински.

Поради дождот денеска во Париз имаше пауза од повеќе од два часа од денешната програма. Утре ќе се играат првите осминафинални дуели во двете конкуренции.

Би можело да ве интересира

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен