Циципас за победата над Федерер на Австралија опен: Мојот сон се оствари

Од:

Грчкиот тенисер, Стефанос Циципас зборуваше за неговата победа над Швајцарецот Роџер Федерер на Австралја опен. Според тенисерот, неговиот сон се оствари.

„Мојот сон се исполни, по овој натпревар мојот мозок експлодира. Тоа беше магичен момент, никогаш нема да го заборавам. Победата над идолот…Првиот пат секогаш станува посебен. Многу е веројатно дека следниот пат кога ќе се сретнеме повторно на теренот, сè ќе биде различно и тој веќе ќе знае што да очекува од мене. Морам да бидам поподготвен за ова. Сакам да играм против такви играчи“, изјави Циципас за официјалната веб-страница на АТП.

Циципа стигна до полуфиналето на првиот годинешен Грен слем, каде што загуби од Шпанецот Рафаел Надал. Победникот на турнирот беше Србинот Новак Ѓоковиќ.

Би можело да ве интересира

Јаник Синер ја одбрани титулата во Мелбурн

А1он

Мелбурн има нова кралица, Медисон Кис сензационално го освои Австралија Опен

А1он

Усташки симбол преку лицето на Новак Ѓоковиќ

А1он

Сензационална Американка во финалето на Австралија опен

А1он

По Ѓоковиќ се бунтува и Шелтон: „Малку сум шокиран“

Закажан терминот за полуфиналето Ѓоковиќ-Зверев

Предраг Петровиќ