Циципас се пласираше во осминафиналето во Рим

Од:

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас ја одигра една од најдобрите партии годинава во осминафиналето во Рим против Алекс де Минор и по само еден час на теренот се пласираше во четвртфиналето – 2:0 (6:1, 6:2).

Австралиецот и деветти носител на овој турнир немаа решение против Циципас. Гркот на првиот сервис освои дури 74% од поените, додека на вториот беше уште подобар со 83%.

Првиот сет започна со серија од 3:0 на Циципас, по што Де Минор успеа да дојде до „почесна“ игра, бидејќи на крајот само тој зема во тој дел од играта.

Вториот сет беше речиси идентичен. Гркот поведе со 4:1, а потоа испушти еден брејк, но брзо повторно надомести и на крајот загуби само три гема од Австралиецот за целиот меч.

Во четвртфиналето Циципас ќе се сретне со Николас Џари од Чиле, кој претходно денеска во два сета беше подобар од Александар Милер од Франција (7:5, 6:3).

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Циципас збесна, па го удри неговиот татко со рекетот

Предраг Петровиќ

Циципас за победата над Федерер на Австралија опен: Мојот сон се оствари

Циципас за Надал: Не знам како Федерер го победува

Наум Локоски