Циципас го победи Надал среде Мадрид

Од:

Рафаел Надал ја пропушти можноста да го игра пред домашна публика 50-тото финале во турнири од сериите „Мастерс“. Кралот на земја отпадна во полуфиналето во Мадрид по поразот со 4:6, 6:2, 3:6 од Стефанос Циципас кој ќе спори за титулата во шпанската престолнина со Новак Ѓоковиќ.

Дваесет годишниот грчки тенисер покажа одличен тенис и не ја изгуби концентрацијата во најважните моменти. Тој ја продолжи својата силна серија по минатонеделниот триумф во Есторил. Надал е елиминиран пред финалето во трет последователен турнир, по Монте Карло и Барселона.

Во претходните три натпревари меѓу нив, Циципас немаше освоено сет против Надал, но овој пат тој беше подготвен за предизвикот.

– Треба да играм на ист начин и против Ѓоковиќ. Тој е во одлична форма, но јас сум подготвен. Се разбира дека нема да биде лесно, но се надевам дека ќе победам, изјави Циципас по дуелот.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ