Цибулкова како торнадо против Вика

Од:

Доминика Цибулкова како торнадо помина на стадионот „Сузан Леглен“ победувајќи ја прворангираната Викторија Азаренка со 6:2, 7:6(4).

Изненадување, но  не и сензација приреди феноменалната Доминика Цибулкова, уште во првиот гем со траење од 14 минути и со седум прилики за брејк на Цибулкова, се виде дека првата носителка ќе има проблеми.

Првиот сет Цибулкова го одигра како во транс, и по секој поен се вртеше кон публиката во делот со нејзините навивачи, го доби со 6:2.

Во вториот сет, работите малку се сменија, но сепак Цибулкова го освои во тај брејк.

Овој пораз Азаренка може да ја чини многу скапо, доколку Шарапова се пласира во финалето на Ролан Гарос таа ќе биде број 1 од 11. јули.

Германската теноисерка Анџелика Кербер се пласира во четвртфиналето со победата над Хрватката Петра Мартиќ од 6:3, 7:5, додека Сара Ерани ја совлада Кузњецова со 6:0, 7:5.

Би можело да ве интересира

Зверев и Пол во третото коло на Австралија Опен

Откажан Австралија опен

Парсел призна дека ги прекршил правилата за антидопинг

На тенисерот Меншик му побараа антидопинг тест среде натпревар

Горан Наумовски

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино