Чупиќ: Знам какво е чувството да се игра во пеколна атмосфера

Од:

Десното крило на екипата на Киелце, Иван Чупиќ, во интервју за „Нова Македонија“ вели дека едвај чека на мечот со Металург бидејќи знаел какво е чувството да се игра во таква атмосфера, меѓудругото, тој вели дека во македонскиот ракомет има голем напредок.

„Сеуште не сум играл против македонски тим, но се радувам на натпреварот во недела, бидејќи знам какво е чувството да се игра во таква атмосфера. Што се однесува до македонскиот ракомет, се гледа голем напредок, особено последните неколку години. Се радувам што ракометот се развива во една добра и позитивна приказна во Македонија“ беше дел од изјавата на Иван Чупиќ за „Нова Македонија“.

Натпреварот од 5. коло од Лигата на Шампионите меѓу екипите на Металург и Киелце се игра во недела во спортската сала „Борис Трајковски“ со почеток од 18 часот.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он