Ракометарите на Хрватска ја забележаа и втората победа на Мундијалот и со четири бода, колку што има и Македонија ја предводи Б групата.
Хрватите во второто коло славеа над Тунис со 28:25, а најефикасен во победата беше Иван Чупиќ со осум гола.
„Ми тргна, екипата многу работи за мене. Имаме четири бода што е најважно. Продолжуваме за два дена, потребна ни е уште една победа. До мечот со Македонија имаме три дена, против Иран ќе треба да пробаме некои работи. Мечот со Македонија ќе биде натпревар за првото место во групата“, изјавил Чупиќ за хрватските медиуми.