Чориќ го елиминира Надал од мастерсот во Синсинати

Од:

Хрватот Борна Чориќ забележа голема победа во второто коло на мастерсот во Синсинати. Хрватот на трибините го испрати Рафаел Надал. По речиси три часа голема борба, Чориќ против третиот играч во светот славеше со 7:6, 4:6 и 6:3. Ова е петта победа за Хрватот од месец март кога се врати на терените по долгата пауза поради повредата на рамото.

Некогаш 12. играч на светот одигра одличен меч и приреди првокласно изненадување: победата ја најави во тај-брејкот од првиот сет, кој го освои откако спаси две сет топки.

Во вториот сет, Надал прв направи брејк и тоа беше негова прва брејк топка во мечот. Таа предност ја задржа и по нешто повеќе од два часа беше 1-1 во сетови. Во третиот сет повторно немаше брејк долго време, а во шестиот гем Чориќ направи брејк со кој го реши победникот.

Во третото коло Чориќ за противник ќе го има сонародникот на Надал, Роберто Баутиста Агут.

Надал со овој пораз ја пропушти шансата по долго време повторно да биде број 1. Имено, доколку го победеше Синсинати, а Медведев испаднеше во четвртфиналето или порано, Шпанецот повторно ќе беше тенисер број еден во светот. Вака Надал останува трет, а би можел и да падне за едно место доколку Карлос Алкараз забележи висок пласман во Синсинати.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го „згази“ Медведев

Предраг Петровиќ

Здружението на Ѓоковиќ за Синер: „Пристрасноста е неприфатлива“

Синер објасни зошто прифатил суспензија: „Случајот ми висеше над глава една година“

Синер е суспендиран на три месеци поради позитивниот допинг тест