Чкембари: Лажи Владе, лажи кој ќе лажеш, само немој Владе, Чкембари да лажеш

Од:

Навивачката група Чкембари за време на отворањето на Филмскиот фестивал Браќа Манаки во Битола со транспарент го потсетија Градоначалникот Владимир Талевски на неговите предизборни ветувања дека веднаш штом ќе го добие третиот мандат ќе се зафати со изградба на трибина на фудбалскиот стадион под Тумбе кафе.

Тој исто така вети дека ќе одделува по 1 милион евра секоја година за поддршка на спортот и културата во градот.

ckembar (2)

Но наместо за спорт, велат, поголемиот дел од парите завршија во организацијата на летниот БИТ Фест.

Чкембарите дури и му посветија песна која е преработка на народната песна Лажи вере: “Лажи лажи Владе, лажи кој ќе лажеш, само немој Владе, Чкембари да лажеш”.

ckembar (3)

Од извори на навивачката група Чкембари, А1он дознава дека се додека не отпочне со изградба на стадионот под Тумбе кафе тие ќе продолжат со изразувањето на незадоволство од работата на битолскиот градоначалник на најразлични начини.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка во Битола, тешко повреден 52-годишен маж

Во Битола отворена изложба за Светскиот ден за едукација за заштита на животната средина

А1он

Два дена по ред Битола е најзагаден град во Македонија

Утринава најстудено во Битола -4 степени, најмногу снег на Попова Шапка

Инцидент во детска градинка во Битола

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски