Кошаркарите на Чикаго со триумфот во натпреварот број 6 од првото коло од плеј офот против Милвоки стигнаа до четвртата победа и со тоа изборија пласман во конференциското полуфинале против Кливленд. Ноќеска „биковите“ го совладаа Милвоки со убедливи 120:66 на гостински терен, што претставува втора највисока победа во плеј оф дуелите.
Чикаго имаше одличен шут (51%), за разлика од Милвоки (33%). Мајк Данливи со 20 поени беше најефикасен на натпреварот.
На вториот натпревар одигран ноќеска ЛА Клиперс го победи Сан Антонио со 102:96. Со овој триумф ЛА Клиперси изедначија на 3-3 во победи и се изборија за мајсторка на домашен терен. Најефикасен на натпреварот беше Блејк Грифин со 26 поени.
Вечерва се игра единствено натпреварот меѓу Бруклин и Атланта, а предност од 3-2 во победи има Атланта.