Четвртфинални пресметки на Светското првенство во ракомет

Од:

На Светското првенство во ракомет што се игра во Франција денеска се играат четвртфиналните дуели.

Првата пресметка се игра во Албервил со почеток во 17 часот, каде Норвешка која ја елиминираше Македонија ќе игра против Унгарија, која го елиминира олимпискиот првак Данска.

Четвртфиналето меѓу светскиот првак и домаќин Франција и Шведска (се игра во Лил) е дуелот на двете најуспешни селекции на Светските првенства. Франција има пет титули светски првак, а Шведска четири. Франција е освојувач на девет медали на шампионатите, Шведска има освоено вкупно 11 медали. На претходниот шампионат во Катар Франција ја победи Шведска во групата со 27:25. Почетокот на дуелот е во 19 часот.

Шпанија и Хрватска своето четвртфинале го играат во Монпеље. Овие две селекции во 2005 година на шампионатот во Тунис го играа финалето во кое победи Шпанија, но според оценките во овој дуел нема фаворит. Натпреварот почнува во 20:45 часот.

Во истиот термин во Париз играат Словенија и Катар. Светскиот вицепрвак Катар пред две години беше селекција составен со многу странци, но сега не е така. Таа бројка е намалена, а Катар направи изненадување со победата над Германија во осминафиналето. Словенија е селекција која има можеби најголем потенцијал.

Победниците од четвртфиналните дуели во четврток и во петок во Париз ќе ги одиграат полуфиналните натпревари.

Би можело да ве интересира

Полска и Шведска домаќини на СП во ракомет во 2023

Ана Ололовска

Македонската ракометна репрезентација со пораз од Белорусија го заврши настапот на СП

Ана Ололовска

Лазаров: Го допревме дното

Ана Ололовска

Македонските ракометари денеска против Словенија ја отвораат главната фаза на СП

Ана Ололовска

Македонските ракометари поразени од Шведска на стартот на Светското првенство

Жарко Настоски

Мојсоски ги храбри ракометарите пред првиот натпревар во Египет: Горди сме на вас!

Жарко Настоски