Четвртфинални натпревари на ЕП за кошаркарки

Од:

На женското европско кошаркарско првенство што се одржува во Чешка, денеска на програмата се натпреварите од четвртфиналето.

Во првиот дуел кој ќе се игра од 12:30 часот за место меѓу четирите најдобри ќе се борат кошаркарките на Белгија и Италија.

Победникот од овој натпревар во полуфиналето за противник ќе ја има подобрата селекција од дуелот меѓу Шпанија – Летонија кој на програмата е во терминот од 18 часот.

Вториот полуфинален пар ќе го сочинуваат победниците од дуелите Турција – Грција (од 15 часот) и Франција – Словачка (од 20:30 часот).

Полуфиналните дуели, како и натпреварите за пласман од 5 до 8 место ќе се играат во сабота, а дуелите за медал на програмата се во недела.

Би можело да ве интересира

Тежок пораз на Црвена звезда од Баерн Минхен: Баварците сурово се одмаздија

Горан Наумовски

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата