На Европското кошаркарско првенство што се одржува во Словенија денеска започнуваат елиминациските натпревари.
По одигрувањето на средбите од првата и од втората групна фаза останаа осумте најдобри кои на патот до трофејот доколку изгубат нема да имаат шанса за поправен.
Четвртфиналната фаза први ќе ја отворат Србија, која заврши на првото место во Е групата, и четвртопласираната Шпанија од Ф групата.
Нивниот дуел почнува во 17:30 часот.
На вториот меч се среќаваат Франција и домаќинот Словенија (21 часот).
Другите двојки за четвртфиналето се закажани за четврток: (16:45 часот) Хрватска – Украина и (21 часот) Италија – Литванија. Сите натпревари ќе се играат во Љубљана.