Чеси ќе ја делат правдата на натпреварот Македонија – Хрватска

Од:

Чешката судиска двојка Вацлав Хорачек – Јиржи Новотни се делегирани да го судат дербито на 4.коло во групата Б на Светското ракометно првенството меѓу Македонија и Хрватска.

За Чесите ова е трет натпревар на кој ја делат правдата на овој Мундијал. Претходно ги судеа средбите Шпанија – Белорусија 38:33 и Полска – Аргентина, 24:23.

Македонија и Хрватска на овој натпревар влегуваат со по три победи од првите три кола и најверојатно од исходот ќе зависи која репрезентација ќе го освои првото место во групата, што значи условно полесен противник во осминафиналето.

Би можело да ве интересира

Гајиќ го играше последното Светско првенство

Ана Ололовска

Избран идеалниот тим на Мундијалот во Катар, Омејер со признанието МВП

Ана Ололовска

Франција е светски шампион во ракомет

Емир Латифовиќ

Полска по продолженија до бронзата

Емир Латифовиќ

Катар по невозможна мисија, Франција не загубила финале 22 години

Емир Латифовиќ

Чешки судии за финалето попладнево

Емир Латифовиќ