Червар: Во нападот секогаш имавме решение за нивната одбрана

Од:

Ракометарите на Металург синоќа ја постигнаа третата победа (33:27) во СЕХА лигата сезонава. Триумфот е важен од причина што е остварен на теренот на директниот ривал Татран Прешов против кого Металург има две победи во оваа лига.

– Одигравме многу добар натпревар и покрај тоа што имаме многу повредени играчи. Младите играчи беа добро подготвени за тоа што се очекува од нив. Нашата одбрана беше доволно агресивна. Во нападот секогаш имавме решение за нивната одбрана, изјави тренерот на Металург Лино Червар по натпреварот.

Металург со 10 бодови од 13 натпревари е на осмото место на табелата, а следниот дуел го игра на гости кај шампионот Веспрем на 4.февруари 2017 година.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он