Червар: Со борбена игра можеме да бидеме блиску до посакуваниот резултат

Од:

Македонската ракометна репрезентација попладнево го одржа единствениот тренинг на слободниот ден за нашите играчи меѓу двете кола.

По двете стартни победи, следуваат дуелите со трите европски репрезентации во рамките од Б групата. За пласман во следната фаза е потребно да се освои барем еден бод на следните натпревари. Шанса за осминафинале имавме и денеска, но дуелот меѓу Исланд и Тунис заврши без победник 22:22, па двете селекции пред се Тунис останаа со шанса за осминафиналето бидејќи и двете до крајот ќе играат против Ангола.

– Ја знаеме играта на Словенија. Нивната силна страна е позицијата среден бек во нападот и транзицијата. Ќе мораме да ја запреме. Треба да бидеме пред се многу борбени и со тоа ќе имаме шанси за посакуваниот резултат. Со добрата зонска одбрана можеме многу да направиме пред се да го неутрализираме нивниот напад и контрите и полуконтрите. Инаку, точно е дека ќе беше убаво да бевме осминафиналисти, изјави селекторот Лино Червар на денешниот тренинг.

Дуелот Македонија – Словенија се игра утре од 17:45 часот.

По некомплетното трето коло Словенија, Македонија и Шпанија се на врвот на табелата со по 4 бодови, Исланд и Тунис имаат по еден бод, а Ангола е без бод.

Би можело да ве интересира

Франција се закити со бронза на ракометното СП

А1он

Полска и Шведска домаќини на СП во ракомет во 2023

Ана Ололовска

Македонската ракометна репрезентација со пораз од Белорусија го заврши настапот на СП

Ана Ололовска

Лазаров: Го допревме дното

Ана Ололовска

Македонските ракометари денеска против Словенија ја отвораат главната фаза на СП

Ана Ололовска

Македонските ракометари поразени од Шведска на стартот на Светското првенство

Жарко Настоски